1.000 кумановчани земаат детски додаток
Во Куманово околу 1.000 лица годишно користат детски додаток. Право на детски додаток остварува еден од родителите на детето, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење, за дете, исто така, македонски државјанин и редовен ученик, информираат од Центарот за социјални работи Куманово.
Детскиот додаток изнесува 744 денари за деца во основните училишта, додека средношколците добиваат по 1.180 денари.
Заинтересираните може да поднесат барање во Центарот за социјални работи, а самото барање ги опфаќа и потребните документи за оставрување на ова право. Детскиот додаток како паричен надоместок се обезбедува за покривање на дел од трошоците во подигањето и развојот на детето.