Не издржа: Почина девојчето кое го удри автомобил во Куманово

 

Почина 15 годишната кумановчанка Т.Ц. која во неделата беше тешко повредена во сообраќајна несреќа, објавува Кумановоњус. Според порталот, откако четири дена се борело за живот, синоќа околу 23 часот девојчето им подлегнало на повредите. Т.Ц. беше хоспитализирана на скопските Клиники со сериозни повреди на главата и рбетот.

Осмооделенката беше повредена во сообраќајката која се случи во неделата на крстосницата на улицата „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска Револуција“ во Куманово. Автомобил удри во Т.Ц. и нејзината другарка, додека тие чекаа на тротоарот за да ја преминат улицата.

ФОТО: Кумановоњуз

најчитано сега