Шиповиќ распали по Жерновски - кавга во општина Центар

 

Претседавачот на Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, вчера на градоначалникот Андреј Жерновски на седницата закажана за советнички прашања му постави незгодно прашање: зошто вработените го користат опшинското службено возило за лични потреби, објавува порталот „Плусинфо“.

- Со кој пропис се користат службените возила за приватни цели. Секретарот секој ден го гледам со општинското возило си оди дома после работа и наутро со истото се враќа? – праша претседавачот, на што Жерновски одговори дека ако има таква злоупотреба, тогаш треба да се реагира. Се согласувам. Не смее после 16 часот да се користат возила кои се тука за службена употреба – одговори тој.

Шиповиќ постави прашање и за катната гаража кај Судска палата која беше изградена за време на претходното раководство, на што Жерновски одговори дека дури сега можат да се увидат грешките во изградбата, а претставник од службите рече дека врнежите направиле голема штета во објектот изминативе месеци.

- Внатрешно и надворешно објектот е сè уште под гаранција. Причините се знаат, лоша изведба на кровот и на изолацијата. Но, затоа што сè уште е под гаранција, стапивме во контакт со изведувачот и наскоро ќе почне санацијата – рече службеникот, пишува Плсуинфо.

09.10.2014 - 11:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега