Еден куп протести денеска во Скопје

 

Здрженија на граѓани, поединци, цели урбани аедници. Градот Скопје денеска ќе биде „сардисан“ од протести. 
 Веќе трае протестот на Здружението на Граѓани Веритас против одлуката на Жерновски да ја стопира изградбата на црквата Св.Константин и Елена пред домот на АРМ. Истовремено протестираат и граѓаните од наслебата Капиштец, исто така против градоначалникот на Центар. Тие бараат тој да си го реализира ветувањето дадено пред изборите и да ја изгради градинката во нивната населба.
На другиот крај на градот, пред Собранието, се протестира против измените во Законот за аборутс. Додека во собранисктие сали тече комисиската расправа за овој закон, надвор протестираат граѓански здруженија.
Се протестира и на плоштадот Македонија. Таму Хелсиншкиот комитет и здружението Стоп за полициската бруталност со мирен протест одбележуваат 2 години од смртта на Мартин Нешковски за која полицаецот Игор Спасов беше осуде на 14 години затвор.

најчитано сега