Штипскиот универзитет ќе соработува со универзитет од Грузија

 

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип (УГД) денеска воспостави соработка со универзитетот од градот Батуми од Грузија. Ректорот на УГД-Штип, Саша Митрев оцени дека со оваа соработка ќе се создаде нова студиска програма од Вториот циклус на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

- Со новата студиска програма ќе се обиденат факултети од четири земји. Тоа значи од Грузија, Латвија, Македонија и Германија. Со што на студентите ќе им се овозможи да им се даваат дипломи со четири потписи, од четирите држави, вели Митрев.

Деканот на Факултетот за туризам од грузијскиот град Батуми, Жостон Бериџе нагласи дека потпишувањето на меморандумот за соработка, значи создавање нова студсика програма за 600 студенти, кои се запишани на нивниот факултет.

- Оваа е многу значајно за нашите апсоленти да се има една ваква интернационална студиска програма, која е понудена во четири земји и нашите студенти секако дека имаат огремни очекувања од неа, рече Бериџе.

Деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД-Штип, Нако Наков вели дека новата студиска програма за вториот циклус на студии ќе се одвива на англиски јазик, со што се подразбира дека на неа ќе се запишат квалитетни студенти. Најави дека во рамки на стратегијата на факултетот ќе продолжат со воспоставување на нови соработки и со други факултети во Европа. 

08.10.2014 - 15:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа