66 аптеки ќе никнат низ руралните средини во Македонија

 

За два месеца во руралните средини во Македонија ќе бидат отворени 66 аптекарски станици. Тоа би значело дека 132.000 жители ќе имаат полесен пристап до медицински лекови.

Како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, сите ПЗУ Аптеки кои имаат отворено две или повеќе аптеки во една општина, односно пет или повеќе во Македонија, се должни да отворат аптекарска станица во рурална средина, односно во места каде што има до 3.500 жители, во спротивно ќе им се одземе лиценцата.

08.10.2014 - 14:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега