СДСМ готви сценарио за улични протести

Социјалдемократите подготвуваат сценарија за протести, пишува Дневник. Според весникот опозициската партија почнува со реализација на сценариото „нецивилизиран начин за тргнување на Никола Груевски од власта“

 

„Според наши информации, в петок се очекува на улица да излезат стечајците во таканаречена борба против режимот, а не се исклучува можноста зад поттикнувањето на уличните демонстрации да стојат токму социјалдемократите. Kако што дознаваме, за овој протест СДСМ веќе дал дозвола за одржување, но с` уште не е познато дали токму тие се организатори во целост.

Впрочем, во тој контекст партискиот портпарол Петре Шилегов неодамна изјави дека доколку власта и опозицијата не успеат наскоро да се договорат за петте барања на СДСМ, Груевски ќе си замине на друг начин, кој не е цивилизиран. Пратеникот во оставка на ваков начин коментира на новинарско прашање дали има шанси за преговори наскоро и што прави опозицијата за да се обнови политичкиот дијалог во државата по бојкотот на СДСМ по изборите. Во меѓувреме, иако Шилегов на пресот пред неколку дена не објасни каков е тој нецивилизиран начин со образложение дека бил доволно јасен, на социјалните мрежи се појави најава за собири со името „Протест против режимот“. Дали идејата е протестите да се претворат во нереди по кои би се тргнало во остварување на најавата на Шилегов?“ - пишува Дневник.

08.10.2014 - 12:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега