Децата од Домот „11 Октомври“ во знак на благодарност организираат голема забава

 

Децата од Домот „11 Октомври“ организираат grill забава за сите хумани граѓани. Забавата ќе се одржи во петок во 11 часот во дворот на Домот.

Во врска со големата хуманитарна акција за донирање и собирање средства за изградба на ботаничка градина во склоп на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, поддржана од Министерството за труд и социјална политика, МПМ- Медиа Принт Македонија и Идеа Лаб, во петок во 11:00 часот, поканети сте да присуствувате на grill забава, организирана од децата во Домот „11 Октомври“ во Скопје, која ќе се оддржи во дворот каде ќе биде изградена ботаничката градина.

Воедно, ќе бидат врачени и благодарници на донаторите за несебична поддршка и соработка од директорката на Домот Ристенка Атанасова.

08.10.2014 - 11:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега