Најинтензивни воздушни напади врз позициите на џихадистите од ИД во Кобане
Меѓународната коалиција предводена од САД, синоќа го изврши најинтензивниот воздушен напад врз борците на групата Исламска држава во пограничниот сириски град Кобане.
Силите на сириските Курди потврдија дека нападите биле најефикасни до сега, додавајќи оти тоа требало да се случи порано.
- Курдските борци водат тешки борби и се обидуваат да ги одбранат цивилите. Многу е голема операцијата против нив, изјави лидерот на сириската курдска партија Демократска унија, Салех Муслим.
Сирискиот амбасадор во Обединетите нации Стафан де Мистура синоќа побара меѓународната заедница веднаш да застане во одбрана на сирискиот град Кобане, кој може да биде заземен од џихадистите.
- Светот, сите ние, многу жалиме што ИД е во состојба да го заземе градот, кој храбро се брани, но прашање е дали ќе успее во тоа. Ние треба моментално да реагирам, посочи Мистура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа