Мртовец добил 272 гласа на избори

 

Поради болест се откажал од изборите и починал ден пред истите, но гласачите во Шкофија Лока град на 30-на километри од Љубљана во неделата за член на општински одбор го избраа токму него.

Социологот Мартин Хабјан кој долги години бил директор на дом за пензионери и се кандидирал и за градоначалник на изборите при што добил 272 гласа. Тој  и формално е избран во градската влада.

Јавноста сега се прашува како можело да дојде до таква забуна кога човекот поради ненадејна болест навреме ја повлекол кандидатурата, наведуваат словенечки медиуми.

08.10.2014 - 09:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега