Скопје ќе се спаси од досадните комарци - втора авионска и терестрична дезинсекција

Од Град Скопје информираат дека на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција, против возрасни комарци.

- Вториот наврат на авионската аеросолна дезинсекција во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно во сабота и недела, во период од 05.30 до 08.00 часот, информираат од Град Скопје.

Од Град Скопје информираат дека вториот наврат на терестричната аеросолна дезинсекција во 2013 година, на  подрачјето на градот Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од 10.06.2013 до 14.06.2013, од понеделник до петок, во период од 01.00 до 05.00  часот.

Доколку временските услови не го овозможуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авиодезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин, следниот ден кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.