Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

 

Денеска во Брисел продолжува новата рунда преговори од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Учесниците на вчерашниот состанок, на кој се разговарало за полицијата и правосудството,  не даваа изјави.

Во Брисел денеска ќе стане збор за останатите теми поврзани со спроведувањето на спогодбата , што на 19 април ја парафираа српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, а ќе се разговара за струјата и телекомуникациите. 

 

најчитано сега