Струга со најмал одзив на прегласувањето
Струга е општината со најмал одзив во прегласувањето на вториот круг. Како што покажуваат резултатите објавени на официјалната веб страна на Државната изборна комисија, во оваа општина до 10 часот на гласање излегле 7,09% од граѓаните. Според податоците на ДИК, ви Струга се прегласува на 9 избирачки места на кои се регистриани вкупно 7885 гласачи. Од нив, до 10 часот, гласачкото право го искористиле 559 граѓани.
Во вториот круг, во Струга, до 10 часот излезноста беше уште помала, односно 6,75%