Ќе се продаваат парцели на Велешко за мотели и хотели
За развој на Велешкото Езеро ќе се градат мотели, хотели и други објекти.
Локалната самоуправа ја подготвува документцијата, а кај Владата постои волја да даде поддршка.
Ова го истакна вицепремиерот и минитер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета во Велес одговарајќи на новинарско прашање дали повторно ќе се продаваат парцели кај Езерото
Во постојан контакт сме со Општината. Локалната самоуправа штом ја подготви документацијата од Владата има политичка волја да помине тој процес.
Да се даде поддршка и понтаму да се изврши пренамена на земјиштето да се оспособи за реализација на проекти од типот отелим мотели и други, изјави Ставрески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа