Бесплатен влез за учениците на мечот Македонија-Луксембург

 

 

Фудбласката федерација на Македонија овозмужуваше бесплатен влез за ученици од прво до деветто одоление, за деца без родители и од социјално ранливи категории за натпреварот Македонија - Лукснебург кој ќе се одигра на 9. октомври во 20.45 часот.

Децата можат да дојдат на натпревар заедно со родител или старател, а потребно е само да покажат ученичка книшка на билетарата на арената „Филип Втори“ или на инфо пултот во Skopje City Mall и да го подигнат бесплатно својот билет.

-Целта на оваа активност е создавање навика кај најмладите за одење на спортски натпревари од рани години, со цел уште повеќе да го засакаат фудбалот и да можат своите идоли од поблиску да ги гледаат. Спортот е од исклучително значење за правилниот раст и развој на едно дете, за негово насочување кон вистинските вредности. Преку спортот децата на еден здрав начин се дружат, создаваат здрави навики, се натпреваруваат меѓу себе и се подготвуваат за светот на возрасните.  А, секој спортист и тим кој ги брани боите на својата држава, кој придонесува за афирмација на својата татковина, кој го обединува народот и наметнува победнички менталитет заслужува подршка,изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

 

Ова ќе биде втор квалификациски натпревар за Македонија, а како што е познато првиот го загубивме од Шпанија со 5:1. Луксембург е шанса за прва победа во првиот меч на домашен терен во овие квалификации.

 

 

 

 

 

 

06.10.2014 - 12:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега