Монако извлече реми на „Паркот на Принцовите“

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа на чекор до победата на синоќешниот натпревар со Монако, но не успеаја да се одбранат и примија гол во судиското надополнување. На „Паркот на Принцовите“ во Париз домаќините поведоа во 71. минута преку Лукас. Бод на Монако му донесе Антони Марсиал во 90+2. минута.

Лидерот Олимпик Марсеј во оваа рунда беше сигурен и ја зголеми предноста на врвот на табелата пред конкурентите.

Резултати од 9.коло во Лига 1: Ремс – Бордо 1:0, Каен – Олимпик Марсеј 1:2, Бастиа – Лориен 0:2, Евиан – Мец 3:0, Ница – Монпеље 1:1, Рен – Ленс 2:0, Сент Етиен – Тулуз 0:1, Генгамп – Нант 0:1, Олимпик Лион – Лил 3:0 и ПСЖ – Монако 1:1.

Табела: Олимпик Марсеј 22 бода, Бордо 17, ПСЖ 15, Лил 15, Нант 15, ... 

06.10.2014 - 10:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега