ВИДЕО: Фиорентина со убедлива победа на домашен терен

 

Фиорентина на домашен терен го совлада Интер со 3-0.

Екипата на Интер дефинитивно е во криза, откако по убедливиот пораз од Каљари со 4:1 во минатото коло, синоќа во Фиренца доживеа нов висок пораз од 3:0.

Фиорентина во текот на целиот меч беше подобар противник и си три прекрасни голови стигна до заслужена победа.

Домаќинот поведе по само седум минути игра, а стрелец на водечкиот гол беше Бабакар кој постигна фантастичен погодок од дистанца.

Само 12 минути подоцна Квадрадо зголеми на 2:0, со нов прекрасен гол, кој од дваесетина метри испрати вистинско торпедо во мрежата на Хандановиќ.

Конечните 3:0 ги постави српскиот интернационалец Ненад Томовиќ во 76-тата минута кога практично се прошета покрај одбраната на Интер и ја смести топката во мрежата. Со оваа победа Фиорентина се искачи на 9.место, додека Интер падна на 10-тото.

Серие А, 6.коло

Недела:

Фиорентина – Интер 3:0

Наполи – Торино 2:1

Јувентус – Рома 3:2

Удинезе – Чезена 1:1

Парма – Џенова 1:2

Лацио – Сасуоло 3:2

Сампдорија – Аталанта 1:0

Емполи – Палермо 3:0

Сабота:

Милан – Киево 2:0

Верона – Каљари 1:0

Табела: Јувентус 18, Рома 15, Сапдорија 14, Удинезе 13, Милан 11...

06.10.2014 - 09:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега