По 650 Косовци месечно го напуштаат Косово

По 650 Косовци месечно, во просек, ја напуштаат земјата за да стигнат во земјите од ЕУ преку Србија и Унгарија.

Според статистиката на Министертсвото за внатрешни работи, во периодот јануари-јуни годинава, бројот на нови азиланти од Косово во земјите на ЕУ изнесува 4.455 лица.

-За жал, трендот на зголемување е забележан посебно во јули и август, за што вознемиреност искажа и амбасадорот на Унгарија, кога е забележан голем наплив на влез во Унгарија посебно на граѓани од Урошевац и Косово Поле, припадници на заедницата Ашкали, но и на Албанци кои се прикажуваат како Ашкали, со цел да обезбедат статус на азиланти иако повеќе ваков статус не може да добијат косовските граѓани, изјави за „Зери“ косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

Според Реџепи, споредено со минатата година, кога во западноевропските земји азил побарале 17.756 косовски граѓани, годинава нивниот број е помал, но, сепак, претставува проблем. 

05.10.2014 - 14:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега