Им признав на децата дека користев дрога - Аца Лукас си ја отвори душата

Побрз сум од Интернетот и на своите деца се навреме се убаво им објаснив, открива пејачот Аца Лукас  за српски Блиц.

- Не дека се смирив, не можам да бидам ништо друго од тоа што сум, но можеби се смирив со тек на годините. Добив уште едно дете и сега навистина уживам во растењето на 3-годишната Викторија. Создадов супер донос и со постарите деца, со 23- годишната ќерка Милјана и 18-годишниот Лазар. Убаво ми се склопија коцките на своите полиња, раскажал Аца Лукас за српски Блиц.

Целиот Балкан знае дека Аца Лукас никогаш не водел мирен живот. Не крие дека имал пороци, па на прашањето како тоа им го опбјаснил тој рекол:

- Викторија сигурно ќе ме праша некогаш во животот што се сум правел, но моите постари деца тоа го знаат за се во животот. За 99 отсто од работите што сум ги направил не се кајам, бидејќи човекот од се треба да извлече поука. Реков дека грешката во мојот живот беше дрогат, но сепак пробав бидејќи не сум знаел. Јас сум побрз од Интернетот и моите деца знаат се што се случувало во мојот живот, па како и за дрогирањето, рекол Аца Лукас.

 

 

05.10.2014 - 10:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега