Се огласи сестрата на Кристина Ковач - еве што кажа

Кристина Ковач неодамна ја шокираше јавноста со отвореното писмо во кое пишува дека се одрекува од својата сестра Александра, која реши вчера да одговори. Имено, Александра решила да објасни каков е навистина нивниот однос и изјавила дека Кристина ја сака, но тие се разминале како приватно, така и службено.

- Морам да одговорам на јавниот медуиумскиот напад кој е извршен на мене и мојот партнер Роман Горешка, но и на моето семејство. Обвинување со невистина и тужење на лажни информации донесе нашето име да се влечка по жолтиот печат, што тоа порано никогаш не се случило. Со обзир на тоа дека мојот татко, мојата сестра Ања, мојот парнер Роман и јас немаме никаква врска со невистината која ја напишала Кристина во својот текст, би ве замолила вас медиумите да го земете тоа во обѕир, изјавила Александра која додала дека нивните односи се заладиле уште од пред 16 години.

 

04.10.2014 - 12:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега