Жени ова ќе ве интересира - еве како природно да ги зголемите градите

Ако вашиот број на градник е помал од просечниот, сигурно до сега многу пати сте размислувале за препарати и хемикалии кои ќе ви го зголемат обемот на гради за неколку сантиметри.

Наместо да ризикувате со несигурни и болни процедури и препарати, испробајте ги вежбите кои ја имаат истата цел – зголемување на градите, со таа разлика што природниот начин е секогаш побезбеден.

Ова се вежбите кои ќе ве направат уште посекси:

Вежба бр. 1 Една од најефикасните вежби за зголемување на градите се склековите. Дланките треба да ви бидат поставени малку пошироко од рамениците, а стапалата составени или благо раздвоени. Правете 3 серии од по 15-20 вежби.

Вежба бр. 2 Во домашни услови, најефикасна е вежбата со тегови. Таа се изведува така што ќе легнете на под и ќе подигате тегови со средна тежина, со странично движење на рацете. Практикувајте 3 серии од 10 повторувања. Вежби се прават со умерено темпо.

Вежба бр. 3 Теговите се одлични за обликување на градите, но само ако тие не се претерано тешки. Оваа вежба се изведува на ист начин како претходната, само наместо на под потребно е да легнете на пилатес топка. Со нејзина помош ќе ги подигнете и зацврстите градите истовремено. Правете 15-20 вежби во 3 серии.

Извор: Сител

03.10.2014 - 20:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега