МОН и СОНК договориле начин и динамика за разгледување на синдикалните барања

 

Министерот за образование и наука Абдиклаќим Адеми вчера имал повторно средба со претседателот на СОНК Јаким Неделков откако во неделата беше постигнат договор најавениот штрајк да се стави во мирување и да се интензивираат разговорите меѓу двете страни.

-  Вчера имав средба со претседателот на СОНК и договоривме модалитети и динамика за разгледување на нивните барања. Се договоривме да формираме одделни групи за секоја точка од нивните барања и во рок од две до три недели повторно да се видиме како претседател на СОНК и министер, изјави Адеми денеска на прес-конференција.

Ако во меѓувреме се формираат, работните групи ќе почнат да ги разгледуваат барањата од следната седмица.

- Во понеделник или вторник, доколку добиеме конкретни предлози од СОНК за составот на работните групи, следната недела ќе продолжат работните групи да работат за сите точки, освен за покачување на платите, за што јавно кажавме дека нема буџетски можности тоа да се прифати. Се надевам дека ќе се усогласиме за некое од нивните барања и сето тоа што ќе биде усогласено, ќе биде внесено во првата наредна измена на законите, рече Адеми. 

03.10.2014 - 14:57

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега