Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ е најспособна за решавање на проблемите

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која граѓаните ја оценуваат како најспособна за решавање на проблемите со економијата и невработеноста. Ваков одговор дали 34 проценти од граѓаните во анкетата која ја спроведе ИРИ.

7,3 проценти од анкетираните сметаат дека најспособна партија е СДСМ, за ДУИ се изјасниле 9,3 отсто, за ДПА 2,5 проценти.

На прашањето „Која партија сметате дека е најспособна за решавање на проблемот на владеењето на правото/правната држава“, 26,5 проценти одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,1 отсто СДСМ. Исто толку проценти гласале за ДУИ, додека за ДПА одговориле 2,4 отсто

За решавање на проблемот на меѓуетничките односно, како најспособна партија граѓаните ја владејачката со 24,9%, потоа СДСМ со 8,7 отсто, ДУИ со 12,8 проценти, ДПА со 2,6 отсто. За ниедна партија одговориле 30 отсто од анкетираните граѓани.

Според одговорите на граѓаните на спроведената анкета, владејачката партија е најспособна за решавање на проблемот со корупција. Така сметаат 26,9 проценти, додека 6,7 отсто сметаат дека тоа е СДСМ. 8,7 проценти одговориле дека тоа е ДУИ, а 2,2 проценти мислат дека ДПА е најспособна да го реши проблемот со корупција.

Високи 32,2 проценти од анкетираните мислат дека ВМРО-ДПМНЕ е најспособна за решавање на проблемот со безбедноста и стабилноста во земјата. За опозициската партија во македонскиот политички блок се изјасниле 8,4 проценти. За ДУИ потврдно одгвориле 9,1 процент, ДПА – 2,7 отсто и за НСДП  0,1 процент.

И во однос на решавање на локалните проблеми граѓаните најмногу доверба имаат во партијата на власт.  30,4 проценти сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 8,5 отсто мислат дека СДСМ е најспособна да ги реши локалните проблеми. За ДУИ гласале 11,1 процент, ДПА 2,6 отсто.

Истражувањето е направено од 29-ти август до 5-ти септември, врз репрезентативен примерок од 1101 испитаник во целата држава.

03.10.2014 - 14:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега