Николоски набљудувач на предвремените парламентарни избори во Бугарија

На предвремените парламентарни избори во Република Бугарија, закажани за 6 октомври, шефот на  делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски ќе учествува како член на ад-хок Комитетот за набљудување на изборите.

Тој ќе ја предводи мониторинг мисијата за избирачките места кои се во регионот на главниот град на Бугарија, Софија.

Николоски беше член на ад-хок Комитетот за набљудување и на минатогодишните парламентарни избори.

Пратеникот Николоски беше дел и од ад-хок Комитетот за набљудување на избори и на минатогодишните претседателски избори во Азербејџан. 

03.10.2014 - 10:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега