Дивееле на скопските улици - 10 сообраќајки за еден ден

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, седум сопатници и еден пешак.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

За денеска и за време на викендот нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

03.10.2014 - 09:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега