Вистината за тоа што се случило во Росвел во 40-те години!

Случајот Росвел е името на настанот кој што се случил во градот Росвел во американската држава Њу Мексико во јули 1947 година. Тоа бил пад на непонат објект по што наскоро се рашириле гласини за наводното уништвање на вонземјанското летало и откриени органи и лешеви на вонземјани. Првичната реакција на официјалните владини и воени служби биле некоординирани и збунувачки, што на крајот предизвикало голем број на гласини и шпекулации за вистинската природа на настанот. Од 70-те години па наваму се развиле голем број на теории на заговор и шпекулации за настанот. Со текот на времето, инцидентот во Росвел станал еден од најдобрите документирани настани во текот на модерната уфологија.

На 3 јули 1947 година, се случи пад на летачки објект кој се срушил во близина на градот Росвел во американската држава Њу Мексико. Трагите од металните остатоци кои биле расфрлани низ областа ги откриле фармерите Влијалм Мак Бразел и неговиот сосед Ди Проктор, кој во недела на 6 јули ја известил локалната полиција. Шерифот по настанот го предупредил мајор Џеси Марсел , разузнавачкиот офицер на Росвел воздухопловната база (RAAF) кој бил со тимот за да ги собере расфрланит остатоци од материјалот.

Наско на локалната радио станица KGL добл официјална изјава од пополковник Валтер Хаут, тврдејќи дека американската војска дошла во посед на срушена летачка чинија. Во вторнкот на 8 јули, локалните весници Roswell Daily Record ја објавиле сензационалната статија по наслов RAAF за заробената летечка чинија на фармата во околината на Росвел. На истиот ден веста била објавена од ABC News.

Медиумската сензација набрзо стивнала. Пристигнал демант на негирања од страна на војската во кој се тврдел дека не станува збор за остатоци на срушена летачка чинија, туку остатоци од метеоролошки балон. Случајот по долг период е заборавен, за да на крајот на 70-те години од 20 век се развие голема дебата за тоа што навистина се случило тој ден на подрачјето Росвел.

Во 1994 година воздухопловните сили признаа дека не се работи за пад на метеоролошки балон, туку станува збор за тогашен таен воен експеримент познат под името Проект магнат, чија цел беше да се развие уредот и да ги открие брановите тестирања на советските нуклеарни бомби.

 

Прашањето е зошто сите овие чудни случувања ги има само во Америка?  

02.10.2014 - 20:25

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега