Гитаристот на AC/DC боледува од Алцхајмерова болест

Семејството на Малком Јанг, гитаристот и основачот на бендот AC/DC, потврди дека популарниот музичар се бори со Алцхајмерова болест.

- Малком боледува од деменција и семејството однапред им се заблагодарува на сите за почитувањето на неговата приватност во овој тежок период, се наведува во соопштението.

Минатата недела AC/DC објавија нова плоча, и потврдено е дека 61- годишниот Јанг нема да се појави во лајнапот.

Бендот остана без својот прв пејач, Бон Скот во 1980. година.

 

 

02.10.2014 - 14:19

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега