За идната година предвидени рекордни над 140 милиони евра земјоделски субвенции

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како во целиот овој изминат перид, така и во последните сто дена особено посветено работи во правец на зајакнување на капацитетите на македонсото земјоделие, како и на стандардот на земјоделците во државата. Оттука продолживме со силната поддршка преку субвенционирањето каде само за идната година предвидовме над 140 милиони евра. Освен тоа беа превземени и низа други мерки и проекти кои треба да помогнат во модернизација на македонското земјоделие и негова поголема конкурентност на европските и светските пазари, истакна Ванчо Костадиновски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Успешно заврши аплицирањето за субвенции каде што беа поднесени 74.000 барања, а дел од нив веќе се исплатени.

Земјоделците, ги добиваат субвенциите по „Календарот за субвенции“ каде што однапред се дефинирани роковите за исплата. Точно е определена динамиката на аплицирање и на исплатата на субвенциите која е усогласена со потребите на земјоделците.

Според овој календар досега се исплатени тутунарите, а на ред доаѓаат производителите на поледелски култури.

Направени се и измена на Програмата за рурален развој. Покрај  реализираните скоро 14 проекти за изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и шест проекти за унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, се финансираат и поголем број на трактори и механизација.

Во тек е потпишувањето на 612 договори со земјоделци кои преку оваа програма ја обновија својата механизација и опрема.Практично сите што поднесоа барања и што ги исполнуваа условите, половина од трошоците ќе им ги плати Владата, односно министерството за земјоделство.

Започнаа и реформата за подобрено управување во водостопанството. Владата формира работна група за анализа и подготовка на акти за формирање на „Акционерско друштво во државна сопственост - Водостопанство на Република Македонија“. По јавната расправа која веќе се реализира на терен со земјоделците-водокорисници и водостопанствата до крајот на октомври очекуваме предлог-законот за АД Водостопанство на Република Макеодонија да биде поднесен до Владата.

Во соработка со земјоделците,експертите и институциите се дефинира и планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура во периодот 2015  - 2025 година. Во наредните десет години  ќе се вложат 200 милиони евра со што ќе се наводнуваат нови 25.000 хектари со современи системи за наводнување.

Привршува изградбата на системот за наводнување на Маркова река – Куклиш со кој се опфаќаат нови 400 хектари земјоделско земјиште. Се работи и на изградба на пристапен пат до браната Речани на Оризарска река и акумулација со која ќе се реши проблемот во водоснабдување на општините Виница, Кочани и Чешиново – Облешево и ќе се овоможи наводнување на 1.500 хектари нови површини земјоделско земјиште.

Почна процедурата за изградба на една од најголемите капитални инвестиции за следниот период,  браната Коњско. Во тек е тендерска постапка за избор на изведувач,а обезбедени се услови и за отпочнување на експропријацијата за изградба на хидросистемот Равен-Речица.

Во овој период се изработи и нацрт-документ за Програмата ИПАРД 2 за 2014-2020,а конечното одобрување од Европската Комисија се очекува во декември 2014 година. Покрај зголемените европски средства кои ќе ги има на располагање македонскиот аграр, земјоделците ќе финансираат само 30 до 40 проценти од трошоците за инвестицијата.

Во тек е реализацијата  и на повеќе други мерки.Финансиска поддршка за македонските автохтони раси – праменка, буша и овчарското куче – шар-планинец.Проектот за изградба на нови откупно–дистрибутивни центри за зеленчук и овошје за 5 локации, и тоа: Валандово-Јосифово, Босилово, Струмица, Могила и Градско.

Изградба на објекти и опрема во домови за деца и млади и домови на културата во населени места.

За искористување на потенцијалите за развој на ловството, објавен е Јавен оглас за доделување  на концесија  на дивечот во ловиштата, за прв пат преку електронско наддавање за 39 ловишта на цела територија на Република Македонија.

Преземени се активности за измени на Законот за квалитет. До крајот на 2014 година се предвидува да заврши и постапката за заштита на македонските земјоделски производи: „Охридска цреша“, „Овчо бело сирење Бистра“ и „Кашкавал Бистра“.

Во првите 100 дена успешно се реализираше и дел од предвидената национална промоција на македонското вино, овошје и зеленчук на странските пазари. За оваа година вкупно се планирани 12 промотивни настани на најважните  светски пазари за што од буџетот на државата се издвоени 450.000 илјади евра.

Направени се и неколку измени и дополнувања на Законите со што ќе се придонесеме за подобрување на амбиентот на земјоделскитите производители и прерхранбената индустрија. Таков е примерот со електронското наддавање за користење на државно земјоделско земјиште за поголемите парцели,односно за над 10 хектари.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел, а тоа е макеоднското земјоделие да го издигнеме на високо ниво кое на пазарите ќе се држи рамо до рамо со останатите. Свесни сме дека пред нас стојат голем број предизвици кои се резултат на недоволниот ангажман на владите во минатото или пак на предизвици кои се појавуваат поради други фактори, но сме подготвени да се соочиме со нив и да изнајдеме заедничко решение.

Ние сме сигурен партнер на македонските земјоделци, го цениме нивниот труд, и тие можат да бидат убедени дека секојпат, во секоја ситуација ние сме покрај нив да им понудиме помош и поддршка.

02.10.2014 - 13:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега