Хорор: Им сметало што е убава - со нож ја сечеле по лицето

Животот на Јулија Алварез (15) засекогаш е променет откако две сестри садисти ја напднале и со ножеви ја сечеле по лицето и телото. Јулија била во посета кај пријатели и кога се враќала кон дома и' се приближиле две сестри кои започнале да ја удираат со тупаници и ја легнале на земја. 

Според изјавата на Јулија,  девојчињата биле на возраст од 18 и 16 години.

-Сите викаат дека си многу убава. Епа нема да бидеш убава кога ќе завршиме со тебе. Луѓето тогаш ќе те викаат Чаки, викале двете сестри додека со ножеви ја сечеле по целото тело.

За една исеченица од грбот на девојчето биле потребни 20 конци, а за нејзиното лице биле потребни уште десетици за да можат да се состават деловите од кожа назад заедно.

Се' додека сестрата на девојчето, Јени, не ги постирала фотографиите на Фејсбук, полицијата во градот Хуан Доминго Перон, во северниот дел на Аргентинската провинција Формоса одбила да се вклучи.

 

02.10.2014 - 11:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега