Новите инвестиции ќе креираат 7 илјади работни места

Германски ОДВ ќе вработи илјада луѓе, за само две недели две германски компании ја најавија динамиката на работа и “Маркарт“ рече дека ќе прими 600 вработени.

Со кои други компании се преговара за инвестирање во Македонија и колку нови работни места се планирани, Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони гостуваше во Дневникот на МРТ.

Колку вработини има сега во слободните економски зони и колку ќе има сега со овие нови инвестиции?

Во моментов бројот на вкупно вработените во слободните економски зони е над 3 илјади луѓе, околу 3.200 со тоа што се планира до крајот на годината таа бројка да достигне до она планирано ниво од околу 3.500 луѓе. Сите овие нови компании кои ги најавија инвестициите, дел веќе започнаа со реализација. Тука зборуваме за зоните во Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Ранковце и Штип, ќе вработат вкупно околу 7 илјади луѓе во следниот период кога сите тие работни места целосно ќе бидат креирани и инвестициите ќе се во полн погон.

Значи тие се 7 илјади нови луѓе кои ќе треба да бидат вработени, за кои дополнително ќе биде распишан оглас?

Апсолутно, да.

Кој профил на кадар најмногу се бара во индустриските зони?

Она што е интересно е, бидејќи сите овие компании претежно се од автомобилскта, електронската индустриај, најголем дел од луѓето кои се барат се луѓе со технички знаења, електро, машински инжинер и други видови наинжинерство. Истовремено е многу важно да се каже дека не се само инжинерско образовани луѓе, отколку голем дел на луѓе кои имаат завршено специфични гимназии, каде што има електро и механички смерови, бидејќи таков вид на луѓе и таков вид на кадар е потребен во нормалниот прозиводствен процес, кој значи производствена линија.

Сеуште има реакции во јавноста околу висината на платите, дали со појавата на се поголем број на компании коишто инвестираат во Македонија и со барањата на пазарот на труд ќе го одврзат ќесето овие странски инвестиции?

Денеска вакво прашање беше поставено на прес конференцијата со „ОВД електрик“, каде претставниците на компанијата кажаа дека во моментот започнуваме со нето плата од околу 200 евра, значи 12 илјади денари. Она што тие кажаа дека во Македонија доаѓаат да плаќаат подобри плати од македонскиот просек за таков вид на производство, но истовремено не може да се очекува веднаш да се добиваат западно европски или германски плати, бидејќи тука директно влијание има она што значи продуктивноста. Значи кажуваат, во Македонија не може да се плаќа под едни услови, но продуктивноста да биде многу поразлична од она што е во нивните земји во Западна Европа. Со тек на време тие плати се повеќе и повеќе ќе растат и тоа беше случајот со сите други земји во источна Европа каде што имаше наплив на странски инвестиции.

Која сега компанија ќе објави нова инвестиција или проширување на инвистијата наскоро?

Директно не можам да откривам имиња до моментот кога овие компании директно ќе го потврдат тоа на нивните управни одбори и ќе го објават во јавноста, поради тоа што голем број од овие компании се меѓународни компании листирани на берза. Но можам да кажам дека дури и оваа недела имавме четири или пет компании кои беа во Македонија и сеуште се тука, активно ги разгледуваат можностите и се надевам дека до крајот на оваа година ќе имаме уште неколку позитивни примери на компании кои ќе одлучат производството да го насочат во ТИРЗ.

Објавивте информација дека расте извозот од ТИРЗ, колку достигна?

Извозот во првите осум месеци од годината е скоро на нивото од целата мината година, кога беше околу 760 милиони евра, што значи дека имаме уште една третина од годината каде што ќе имаме многу поголема контрибуција кон вкупниот извоз на државата, таа сума ќе надмине над една милијарда евра.

02.10.2014 - 11:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега