Овој појадок никој досега не успеал да го изеде- еве зошто

Локално ресторанче во Чешир, Англија нуди појадок кој содржи 8.000 калории, но досега никој не успеал да го изеде.

 

Појадокот е наречен The Hibernator и се наоѓа на менито на ресторанчето Bear Grills и пред да го изедете мора да потпишете изјава на која пишува дека Bear Grills не носи одговорност за ризиците по вашето здравје. Оној кој ќе го нарача појадокот не смее да биде помлад од 18 години.

Тој содржи четири пати поголемо количество калории од она што во просек му е потребно на еден човек дневно меѓу другото се состои од: осум парчиња сланина, осум колбаси, осум јајца, четири парчиња тост, печурки, грав, а покрај храната појадокот вклучува и два милкшејка. 

Досега 20 луѓе се обиделе да го изедат ова количество, но никој не успеал во тоа. Ако некој успее во тоа ќе добие награда од 100 фунти, неговото име ќе биде поставено во ресторанчето, појадокот ќе го носи нивното име и воедно ќе треба да додадат уште некоја состојка плус во понудата за следните што ќе се нафатат на предизвикот.

02.10.2014 - 11:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа