Уапсен финансиер на џихадистите

Под сомнение дека финансирал американски џихадист да замине да се бори во Сирија, во Австралија денес е уапсен еден човек.

Дваесет и три годишиот маж, чие име не е објавено, ќе биде под истрага поради финансирање терористичка организација.

Тој е обвинет е дека дал 12.000 австралиски долари (8.300 евра) на граѓанин на САД кој заминал да се бори во Сирија во редовите на џихадистите. Австралиските власти сметаат дека тој можел да достави и дополнителни средства за исламистичка кауза.

02.10.2014 - 09:15

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега