Најмалку 39 лица загинаа, од кои 30 се деца во двоен бомбашки напад

Најмалку 39 лица загинаа денеска во двоен бомбашки напад во центарот на сирискиот град Хомс

Околу 30 од жртвите се деца, а повредени се најмалку 76 луѓе.

Двата напада биле извршени во квартот Акрума, кој е населен главно со Алавити. Два автомобила-бомби експлодирале во близина на училиште и на болница. Инцидентот пред училиштето се случил во момент кога од него излегувале ученици по завршување на наставата.

Се очекува бројот на загинатите и повредените и понатаму да се зголемува.

01.10.2014 - 18:39

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега