Црвенковски кандидат за Претседател на Македонија?
Банко Црвенковски може да и се врати на политиката и тоа како нов Претседател на Македонија. Доброупатени извори околу состојбите во СДСМ коментираат дека ова е една од можностите кои поранешниот лидер на опозицијата сериозно ги разгледува. Тие велат дека Црвенковски има уште многу да покаже во македонската политика и дека не се исклучува можноста наредната година, токму тој да биде кандидатот кој ќе ја добие поддршката на СДСМ. За тоа, како што коментираат изворите на Press24 Црвенковски веќе нема никаква пречка, бидејќи откако го напушти кормилото на партијата може да се дистанцира од партиските активности и да се посвети на претседателската функција.
Поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов за Утрински весник не ја исклучува можноста Црвенковски да се врати на политичка функција.
„Црвенковски е млад, а искусен и има свој придонес за државата. Од тој аспект, секако, е можно еден ден да се врати на политичка функција. Времето и околностите ќе покажат дали ќе се случи тоа, а во овој момент треба да се прифати фактичката состојба и да му се остави простор на новото раководство на СДСМ“ - вели Андов за Утрински весник
Утрински весник пишува дека Црвенковски веќе си ги спакувал личните работи од претседателската канцеларија на Бихаќка и се преселил во кацеларијата која му следува како поранешен претседател на Македонија и која ја плаќа државата. Бидејќи се наоѓа спроти седиштето на СДСМ, весникот пишува дека Црвенковски и натаму е барем „геграфски“ блсику до партијата.
Претседателските избори во Македонија се на пролет наредната година