Вељаноски на средба со стипендисти за парламентарната ИПС на германскиот Бундестаг
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска ќе се сретне со германска делегација предводена од пратеникот Штефан Шварц, по повод изборот на кандидатите за Меѓуанродната парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг.
Вкупно 120 стипендисти од 41 држава во рамки на ИПС ќе имаат можност да се запознаат со парламентарниот систем на Германија, а целта е да се осознаат политичките текови и демократските процеси при донесувањето одлуки. Стипендистите работат во канцеларијата на некој пратеник на германскиот Бундестаг, а имаат можности да учествуваат во предавања на некој од берлинските универзитети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа