Српското МВР ќе спроведе истрага за инцидентот во кој е претепан братот на премиерот Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека ќе биде спроведена истрага за инцидентот во кој е претепан Андреј Вучиќ, братот на премиерот, а полицајците кои учествувале во него веројатно ќе бидат суспендирани до завршување на истрагата.

- Во консултации со командантот на Жандармеријата и директорот на полицијата наредив спроведување на истрага. Ќе добиеме извештај што се случило и веројатно ќе ги суспендираме тие луѓе до завршување на истрагата. Само мора да го идентификуваме, врз основа на снимки, секој што учествувал во инцидентот, истакнал Стефановиќ, додавајќи дека МВР ќе се потруди да ги реши сите слични случаи.

Тој не сакал да открие детали во врска со инцидентот, кој се случи вчера за време на Парадата на гордоста, потенцирајќи единствено дека станува збор за единица од Ниш, а сите други информации ќе бидат изнесени кога ќе заврши целосната истрага.

- Не постои оправдување за такво однесување, објасни српскиот министер.

29.09.2014 - 15:35

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега