Министерот Мустафа во посета на Кочани
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија Неждет Мустава во рамките на денешната работна псоета на Кочани се сретна со градоначалникот Ратко Димитровски на која средба се разговараше за реализираните проекти од програмата Декада на Ромите.
- Општина Кочани, според планот за комунално уредување на улици во ромското маало, деновиве го заврши асфалтирањето на улиците „Љупчо Сантов“ и „Славчо Стојменов“, а деновиве ќе пристапиме кон целосно довршување на улицата „Стамен Манов“, една од најфреквентните во ромското маало во Кочани, истакна по средбата градоначалникот Димитровски.
- Задоволен сум и од постигањата во областа на образованието, со опфатот на деца Роми во детската градинка, како и со постигањата во сверата на социјалата, културата и врабнотувањето, рече министерот Мустафа.
ФОТО: Канал 5