Лидерот на Фронт Ал Нусра упати закана до западните земји

Лидерот на Фронт Ал Нусра, Абу Мохамад ал Голани изјави дека воздушните напади на коалицијата предводена од САД нема да ги победат исламистите во Сирија, додавајќи оти групата ќе изврши напади во западните држави, кои учествуваат во коалицијата.

- Вашите политичари нема да бидат единствените кои ќе ја платат цената на војната, вие ќе ја платите најскапата цена, истакна ал Голани во обраќањето кон „народите на Америка и на Европа“, барајќи да им се спротистават на владите.

Тој, во 25-минутната аудио-снимка, коалицијата ја нарекува „сојуз на крстоносци“ против муслиманите сунити.

- Ќе ги искористиме сите средства што ги имаме за да го заштитиме народот во Сирија од сојузот на крстоносците. И ние ќе ги искористиме сите можни средства за да ја постигнеме таа цел, изјави лидерот на Фронт ал Нусра, сириски огранок на Ал Каеда.

29.09.2014 - 10:04

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега