Уставните амандмани на маса пред пратениците

Јавна дискусија за уставните амандмани ќе се одржи денеска во Собранието на Македонија.

Досега се одржаа неколку јавни расправи за нацрт-амандманите, чиј предлагач е Владата. 
 
Пред повтпрно да бидат вратени во  Собранието како предлог-амандамни на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи.
 
За секој предлог - амандман Собранието на седница треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство.
 
Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври. Последните измени на Уставот беа донесени на 12 април 2011 година.
29.09.2014 - 09:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега