Шест цивили убиени во Доњецк

Градските власти на Доњецк соопштија дека во синоќешниот артилериски напад на укранската армија загинале шест цивили и тројца припадници на проруските сили.

Претставник на самопрогласената Доњецка народна република исјави дека украинската артилерија вчера цел ден гаѓала станбени квартови, при што се повредени 18 луѓе.

Проектилите погодиле две трансформаторски подстаници на фабрики во северверниор дел од Доњецк, поради што 37 подстаници останале без електрична енергија. 

29.09.2014 - 09:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега