ВИДЕО: Договорот меѓу Владата и СОНК паднал во пријатна атмосфера

Штрајкот на просветните работници, кој требаше да се одржи денеска, е ставен во мирување, така се договориле претставниците на раководството на СОНK и министерот за образование Абдилаќим Адеми. На средбата, која траеше помалку од еден час, двете страни се договориле дека ќе продолжи социјалниот дијалог на кој инсистира синдикатот, единствено за прашањето за плати ќе нема дискусија, оти, како што вели министерот Адеми, буџетот е веќе направен и нема простор за корекции, освен тие од 4 отсто, кои ќе ги добие целата државна администрација.

29.09.2014 - 08:59

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега