ВИДЕО: Голем пожар во рафинерија на југот од Италија

Пожарникарите конечно го изгасија големиот пожар во италијанската рафинарија Милазо. Ситуацијата е ставена под контрола речиси 24 часа по избувнувањето. Од рафинеријата сеуште се издига чад, а околината ја напуштија околу сто фамилии, иако властите нагласуваат дека нема опасност и дека човечките животи воопшто не се загрозени.

За среќа, во пожарот нема повредени, но прашање е како пожарот ќе се одрази на околината. Експлозијата запали неколку милиони литри нафта и гориво, па не изненадува тоа што на пожарникарите им требаше цел ден за да ја стават ситуацијата под контрола.

Рафинеријата последен пат горела во 1993. година кога погинале седум лица.

28.09.2014 - 11:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега