Направил тунел од спалната до кафаната поради хрчењето на сопругата

Водоинсталатер од местото Омага во Ирска, верувале или не ископал тунел од својата спална соба, до локалниот паб, кој се наоѓа на 800 метри од неговиод дом. 

За такво нешто му требале 15 години, а до идејата дошол откако го изгледал филмот „Бегство од Шошенк“. Причина за тоа била неговата жена која неопишливо хрчела.

Петси Кер добил повик на суд откако по негова заслуга, под куќата на комшијата пукнала канализациска цевка. Тој на судот им раскажал се во врска со неговиот тунел, како и причината поради која копал во претходните 15 години. 

„Мојата жена има проблем со крчењето. Откако го изгледав филмот, „Бегство од Шешенк“ 1994 година, одлучив да превземам нешто во врска со тоа, па почнав да копам дупка од под креветот во правец на пивницата. Ги користев сите видови на алат, од лажица до бушалица за тунел кој успеав да ја однесам во дупката кога жената ми беше на шопинг. Дури во 2009 година успеав да излезам од другата страна. И тоа во женскиот тоалет“, изјавил Петси. 

27.09.2014 - 14:01

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега