Трудницата од Југото го загуби бебето - семејството завиено во црно

Деветнаесетгодишната Радмила Станковиќ од Кач, која заедно со сопругор Џорџе и братот во средата навечер била во колата кога под нивното Југо влетал велосипедист, кого пред тоа го удрил Мирослав Ј. (28) од Будисава, изјави за српски Курир дека го загубила бебето.

- Многу ни е тешко, го изгубивме бебето... Не знам дали ми е потешко тоа што сопругот и јас го изгубивме бебето или што отј човек заврши под нашите тркала. Многу се радував на оваа втора бременост и сега ништо. Сите ми велат:"Млада си, имаш ќерка од 11 месеци, ќе имаш уште деца", но болно е кога мајка ќе изгуби дете, иако бременоста беше на почетокот. Да не даде Господ никому да му се случи, изјави Радмила.

Таа не знае дали и е потешко на неа или на нејзиниот сопруг.

- Џорџе од средата не зборува. Во четвртокот денот го поминав во новосадското породилиште. Психијатар ми даде лек за смирување. Требаше да останам под нивен надзор, бидејќи од средата многу крвавев, но не можев, додаде Радмила.

Обдукцијата врз велосипедистот покажа дека тој имал 2,5 промили алкохол во крвта.

27.09.2014 - 13:01

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега