Иванов го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Република Македонија.

- Нашата заедничка татковина Република Македонија, како врвен  приоритет го има поставено негувањето на различните културни специфики и традиции и во неа има место за секоја етничка заедница. Во нашиот богат и единствен мултикултурен мозаик неизбришливо е приуството на Бошњачката заедница која со својата традиција и култура го збогатува нашето секојдневие и разноликост, се вели во честитката од претседателот Иванов.

 

Македонија како држава, вели Иванов, останува посветена на развивањето и унапредувањето на бошњачката култура и традиција, со цврста определба за нивна натамошна промоција, негување и заштита.

- Бошњаците како и другите етнички заедници секојдневно и безрезервно го даваат својот придонес во сите сфери на животот во Република Македонија со што придонесуваат за  економски развој и благосостојба на државата. Да продолжиме и понатаму заедно да градиме хармонија, просперитет и благодет за нас и за нашите потомци, се наведува во честитката од претседателот Ѓорге Иванов

27.09.2014 - 13:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега