Крвав инцидент во Кичево: Го прободеле со нож во кафеана

Во угостителски објект во Кичево вчера во 19 часот и 45 минути се случил крвав инцидент кога настанала расправија помеѓу 33-годишниот С.А. од една страна и три години помладиот Ш.А.  од друга страна. Кичевчаните, според податоците на полицијата, се степале, а во тепачката си размениле тупаници во пределот на главата и телото. Инцидентот кулминирал кога Ш.А. со нож му нанел на С.А. убодна рана, при што тој веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар - Кичево. 

27.09.2014 - 13:06
Фото: 
пулс24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега