Среќен крај: По 100 дена во Систина 7 месечната Катја Тодоровска ќе си оди дома со мама и тато
Сто дена борба и неизвесност со среќен крај. По три неуспешни обиди за Ин витро Марина Тодоровска во Клиничката болница Аџибадем Систина на свет ја донела малата Катја.
Бебето е родено 3 месеци порано со тежина од само 830 грама.
20 минити по раѓањето Катја била ставена во инкубатор.
Битката за нејзиниот живот ја воделе цел тим гинеколози, педијатри и неонатолози.
Поради отворен крвен сад Катја не можела самостојно да дише. Животот и зависел од кардиохирургот проф. Салис Таџер.
Ваквата ризична операција на толку мало бебе е прва на овие простори.
Големиот борец Катја сега има седум месеци, тежи 5 килограми и не се одвојува од прегратките на мама и тато.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа