ФОТО: Автобус се „насука“ кај охридско

Автобус на „Екстра бус“ од Кавадарци попладнево буквално се „насука“ на нагорнината кон хотелот „Белведере“ кај Славија во близина на Охрид, јави Супер радио.

avtobusslavija-500

Возилото во обид да се искачи кон хотелот или да заврти назад кон Охрид, зафатил со долниот дел на асфалтот и го блокирал патот Св. Наум – Охрид.

Возилата кои сообраќаа кон Охрид, сепак поминуваат во една колона од задниот дел на автобусот, додека одговорните за возилото, заедно со уште неколку колеги кои им притекнаа во помош, се обидуваат да го вратат повторно на коловозот.

фото: Супер радио

26.09.2014 - 22:27
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега