Владата со сет мерки за најпогодените сточари од болеста на добитокот син јазик
Владата утврди сет мерки со кои ќе им помогне на сточарите кои се справуваат со болеста син јазик кај добитокот. Ваква одлука како што информира заменик-министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Коставиновски Владата ја донесе на вечерашната седница.
Станува збор за мерки во две групи мерки што се однесуваат пред се на превентивно заштитна акција. Мерките предвидуваат сите сточари во одгледувалиштата да го исчистат ѓубрето за да може да се изврши дезинсекција на сите штали од страна на ветеринарните доктори, по што ќе следува премачкување на сите животни со репелент за одбивање на инсектите преку кои се пренесува болеста.
-Постојано сме на терен ние и ветеринарните инспекции. Ситуацијата е тешка и веднаш на итна седница решивме да ги донесеме овие мерки, прво од превентивна и заштитна природа. Постојано ќе бидеме на терен и ќе ја следиме состојбата. Над 330 лица кои секој ден ќе бидат присутни во одгледувалиштата и ќе дават извештај до надлежните, по што ќе се разгледа ситуацијата и ќе бидат донесени нови мерки, изјави заменик министерот Костадиновски во Дневникот на МРТ.
Досега се заболени околу 30.000 животни од кои 7.000 се угинати, а превенцијата ќе се спроведува за да не се рашири болеста.
Владата на вечерашната седница донесе одлука да се одвојат 18 милиони денари кои ќе им се дадат на ветеринарните станица за прскање.
Втора група мерки се однесува на ослободување од пашарина за сите сточари кои имаат угинати животни, односно во жариштата каде има син јазик. Сточарите потребно е да го пријават секое животно кое ќе угине кај ветеринарен испектор и тоа да се констатира со записник, за да може да добијат субвенција како надомест за одвивање на сточарските активности.
Предвидени се најстроги санкции во случај на злоупотреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа