ФОТО: Автобус се заглави на патот Св. Наум – Охрид

Автобус на "Екстра бус" од Кавадарци се заглавил на нагорнината кон хотелот "Белведере" кај Славија во близина на Охрид, јави Супер радио.

При обидот да се искачи кон хотелот, автобусот со задниот долен дел се зафатил на асфалтот и го блокирал патот Св. Наум – Охрид.

Возилата кои сообраќаа кон Охрид, сепак поминуваат во една колона од задниот дел на автобусот, додека одговорните за возилото, заедно со уште неколку колеги кои им притекнаа во помош, се обидуваат да го вратат повторно на коловозот.

26.09.2014 - 19:27
Фото: 
Супер радио

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега